Градоначалникот на Општина Центар Жупа, Аријан Ибраим за државната агенција МИА потврди дека две деца се меѓу тројцата загинати лица од Македонија во сообраќајната несреќа која вчера се случи во Словенија.
Третото е возрасно лице.
Информацијата претходно неофицијално ја објавија и словенските медиуми.
Станува збор за семејство од селото Житинени, Општина Центар Жупа, кое живеело во Равена, Италија.
Како што вели Ибраим во возилото кое удри во задниот дел на транспортно возило биле децата, нивните родители и мајката на возачот.
Преживеаните се во болница.
Несреќата се случи на автопатот А1 во близина на Унец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
4-годишно девојче и 11-годишно момче од Македонија се меѓу загинатите во сообраќајката во Словенија
Тројца македонски државјани загинаа во сообраќајка во Словенија
Фото: Унсплеш














