Поранешната претседателка на Антикорупциска, Димитровска доби условна казна затвор за оддавање службена тајна

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, доби условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е утврдена казна затвор од шест месеци. За двете кривични дела изречена е една единствена казна затвор во времетраење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетата во наредните три години не стори ново кривично дело.

Во истиот предмет, Судот го прогласи за виновен ревизорот Миле Столевски за кривичното дело компјутерски фалсификат. Нему му е изречена алтернативна мерка условна осуда, со која му се утврдува казна затвор од шест месеци доколку во рок од две години не стори ново кривично дело.

Tретообвинетата Билјана Петровска-Мантева е ослободена од обвинението, бидејќи Обвинителството не докажа надвор од разумно сомневање дека го сторила кривичното дело оддавање службена тајна.

Странките имаат право на жалба на пресудата до Апелациониот суд во рок од осум дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката на Антикорупциска, Татјана Димитровска, поднесе оставка

Поранешната претседателка на Антикорупциска, Димитровска се изјасни за невина

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Фото/360 степени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести