Советот на Општина Брвеница одржа вонредна седница на која со мнозинство гласови донесе одлука досегашниот Претседател на Советот, Роберт Милошески, да биде именуван за Вршител на должност (в.д.) Градоначалник на Општина Брвеница.
„Милошески ќе раководи со Општината и ќе управува со нејзините работи сe до распишувањето и одржувањето на предвремените локални избори за нов градоначалник.
Поради преземањето на новата функција, на Милошески му мирува функцијата во Советот, по што Советот на Општина Брвеница, на истата седница, за нов Претседател на Советот го избра советникот Мирослав Даиловски,“ информираа од Општина Брвеница.
Изборот на Милошески доаѓа откако претходниот градоначалник Јовица Илиевски, ненадејно почина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На 58-годишна возраст почина Јовица Илиевски, градоначалникот на Општина Брвеница
Фото/Општина Брвеница














