Кој е Седат Сулејмани, кој ќе биде нов министер за култура и туризам

Седат Сулејмани од Вреди ќе биде новиот министер за култура и туризам.

Тој доаѓа на местото на Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

Сулејмани моментално е заменик-министер во овој ресор.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

Кој е Сулејмани

Роден е во Тетово во 1975 година.

Дипломирал на Универзитетот Улудаг-Бурса во Турција.

Завршил постдипломски студии на Универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово на Факултетот за општествени науки.

Професионална и политичка кариера

Извесно време работел и во приватниот сектор.

Бил уредник на едукативната радио програма на Радио Канал Б, а е и основач на невладината организација за култура, образование и уметност „Калкан“, како и на невладината за култура, образование и уметност „Призма“.

Заменик министер за култура за првпат станал во 2020 година и оваа функција ја извршувал до 2021 година.

Од 2023 до 2024 година бил советник за стручна административна поддршка на општинскиот инспекторат во Општина Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сашо Клековски, кој ќе биде нов министер за здравство

Кој е Борче Серафимовски, кој ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Кој е Јетон Шасивари, кој ќе биде новиот министер за правда

Фото: Фејсбук/Сулејмани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести