Кој е Сашо Клековски, кој ќе биде нов министер за здравство

Актуелниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде нов министер за здравство.

Тој доаѓа на местото на кадарот на Вреди, Азир Алиу.

Клековски во мај годинава стана директор на ФЗО, откако на таа функција претходно извесен период беше вршител на должност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите министри

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

Кој е Клековски

Роден е на 13. април 1966 година во Скопје.

Завршил Медицински факултет на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ во Скопје и МБА академска програма на УАЦС.  

Работно искуство

Како што стои во неговата официјална биографија има триесет годишно искуство како менаџер, аналитичар, консултант во јавниот, граѓанскиот и приватниот сектор.

На крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите бил прв човек на Сојузот на студентите по медицина на Македонија и Сојузот на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. 

Во 1993 година е еден од основачите, а од 1994 година до 2011 година, е извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Од 1998 до 2008 година го води воспоставувањето на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и е претседавач на Одборот на старатели на МРФП од 2017 година.

Основач е и член на органи на повеќе граѓански организации, а соработувал со голем број на граѓански организации, мрежи и платформи од различни подрачја.  

Бил прв ко-претседател на Заедничкиот консултативен комитет на граѓанското општество меѓу Европската унија и Македонија од 2007 година до 2010 година.

Бил предавач на Факултетот за деловна економија и менаџмент на УАЦС на МБА студии по предметот Претприемнички финансии од 2013 до 2016 година.

Во јавниот сектор работел на подготовка на повеќе национални стратегии – првата Стратегија за соработка на Владата со граѓанскиот сектор 2007-2011 година и првата Државна програма за превенција и репресија на корупцијата 2007-2011 година, како и на јакнење на капацитетот на институции, како што се Народен правобранител и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Во приватниот сектор работел на стратешки анализи – Индексот за бирократија во 2020 и 2021 година и како консултант на реструктурирање и сосопственик на бизниси.

Автор е на повеќе истражувачки извештаи, книги и написи. Бил колумнист во „Нова Македонија“ од 2012 година до 2024 година. Своите ставови ги објавувал и на блогот „Меѓутоа“.

Политичка кариера

Бил дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од 2022 година. 

Во јули 2024 година беше именуван за в.д. директор на ФЗО.

Приватно

Оженет е, и има две деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Азир Алиу, кој повеќе нема да биде министер за здравство

Кои ќе бидат новите министри за правда, култура и односи меѓу заедниците, кои ќе ги предводат кадри на Вреди

Нема повеќе да има вицепремиер за добро владеење

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести