Нема повеќе да има вицепремиер за добро владеење

Со реконструкцијата на Владата не е предвидено да има повеќе вицепремиер за добро владеење.

Информацијата за емисијата “Директно“ на телевизијата Телма, ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Со измените овој ресор оди директно под ингиренции на неговиот Кабинет.

-Ценам дека како концепт би бил најпродуктивен доколку биде дел од мојот Кабинет. Таму веќе имаме секретари задолжени за следење на реализацијата на програмата на Владата и за владините политики, рече тој.

Последен вицепремиер за добро владеење беше Арбен Фетаи, кој си поднесе оставка, откако неколку месеци не доаѓаше на работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите министри

Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој си поднесе оставка

Каков имот пријавил вицепремиерот Арбен Фетаи, кој поднесе оставка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести