Арбен Фетаи, кадар на Алијансата за Албанците, кој беше вицепремиер за добро владеење, си поднесе оставка.
Оваа следи откако повеќе од два месеци не одеше на работа, а се уште не е познато дали за тој период земаше плата.
На позицијата беше две години.
За оставката информираше на Фејсбук, а во образложението меѓу друго се пофали дека придонел за реформи поврзани со отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото, како и дека работел со максимална посветеност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Посочи и дека заминувал од функцијата со крената глава и со чиста совест.
Кој е Фетаи
Роден е на 11. декември 1980 година во Куманово.
Поседува македонско и белгиско државјанство.
Како што стои во неговата биографија го започнал своето високо образование во Белгија, каде што од 1999 до 2001 година студирал политички науки на Универзитетот во Лиеж.
Потоа продолжил на Слободниот универзитет во Брисел, Белгија, каде што се стекнал со диплома за политички науки и меѓународните односи во периодот од 2001 до 2003 година.
Од 2003 до 2006 година, специјализирал во областа на европските студии на Институтот за европски студии во Белгија.
Зборува и француски, англиски и холандски јазик.
Работно искуство
Неговата професионална кариера започнала во 2004 година, кога работел како помлад експерт на проект финансиран од Европската унија (ЕУ) за поддршка на Собранието на Косово.
Од 2006 до 2008 година бил офицер за врски на проект за градење на капацитети за европски интеграции во канцеларијата на тогашниот премиер на Косово.
Од 2010 до 2018 година, пак, работел како виш советник за политика на ЕУ на проекти финансирани од Фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс“.
Потоа работел и како глобален координатор за застапување во Aidsfonds во Брисел и како извршен директор на Институтот за јавна политика “Арбен Џафери“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оди ли вицепремиерот Арбен Фетаи на работа?
(Фото) Вицепремиерот Фетаи се шета по светот, остана мистерија дали се уште зема плата
Фото: Фетаи/Фејсбук














