(Фото) Ексклузивно: Сите детали за „Berovo Green Gate“, во чиј склоп ќе има мол, луксузни станови, хотел и старечки дом

еМагазин ексклузивно споделува детали за еден од најголемите актуелни градежни проекти во Македонија.

Станува збор за комплексот Берово Грин Гејт (Berovo Green Gate), а деталите за еМагазин ги сподели сопственикот Горан Јордев.

Јордев е и косопственик на Дик Фагус во Печхево, Stip City Mall и Stip City Taxi во Штип.

Инвестиција од над 10 милиони евра

Се работи за инвестиција вредна над 10 милиони евра, која ќе се реализира во четири фази.

Молот, кој е првиот дел, е веќе во градба. Истиот се протега на површина од околу 5.000 метри квадратни. Неговото отворање е планирано за почетокот на 2027 година. Во него ќе има повеќе брендови, вклучувајќи и продавници за текстил, спортска опрема, бела техника, аптека, дел за храна, кафе бар и игротека.

Вториот дел од проектот е Резидент ливинг, кој вклучува четири ламели со по 30 ликсузни станови. Секоја од нив е со сопствен базен, заеднички простории и место за активности. Овој дел од проектот е во фаза на проектирање. Темелите ќе бидат поставени кон средината на јули.

Сениор ливинг – старечки дом е третиот дел од проектот. Истиот ќе има капацитет за околу 200 лица, за кои ќе се грижат 20 негователи и пет доктори.

Четвртиот дел од проектот е хотел. За истиот инвеститорот е во фаза на преговори со странски партнер за добивање на франшиза. Повеќе детали за овој дел ќе бидат познати наскоро.

Во склоп на овој проект, дополнително ќе бидат додадени и повеќе содржини кои ќе го збогатат искуството на посетителите на овој комплекс, како понуда за рентање на мотори и велосипеди со опрема за истите.

Дополнително, со отворањето на комплексот ќе биде отворено и Berovo City Taxi, кое ќе се состои од неколку електрични возила кои ќе го подигнат нивото на такси превозот во Малешевијата.

Плус инфо и контакт за комплексот ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести