Кој е Горан Мисовски, кој е реизбран за претседател на НСДП

Горан Мисовски останува на чело на Нова социјалистичка партија (НСДП).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Горан Мисовски реизбран за претседател на НСДП

Тој беше реиизбран на Конгресот на партијата.

Кој е Мисовски

Роден е на 15.04.1965 година во Скопје.

Тој е дипломиран менаџер по осигурување. Дипломирал на Универзитет Св. „Климент Охридски“ во Битола.

Зборува и англиски јазик.

Политичка кариера

Основач е и прв организациски секретар на НСДП во периодот од 2005 до 2008 година.

Бил член на Извршниот одбор на НСДП во периодот од 2009 до 2013 година.

Бил потпретседател на НСДП во два мандати од 2013 до 2018 година и од 2018 до 2022 година, а бил и координатор на Пратеничката група на НСДП во периодот од 2006 до 2008 година.

Мисовски бил и координатор на пратеничката група на НСДП, Либерална партија и Нова алтернатива во периодот од 2010 до 2011 година, како и координатор на пратеничката група на НСДП и Либерална партија од 2011 до 2014 година.

Во февруари 2018 година првпат беше избран за потпретседател на македонското Собрание, за периодот од 2016 до 2020 година.

Во ноември 2020 година беше избран по вторпат за потпретседател на Собранието, за периодот од 2020 до 2024 година.

Моментално е пратеник.

Приватно

Оженет е и е татко на едно дете.

Фото: НСДП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести