Никој не одговара на прашањето дали вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, како што тврди министерот за здравство, Азир Алиу, не оди на работа и не оди ни на седници на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вицепремиерот Арбен Фетаи не оди на работа, вели министерот Алиу
-Како Влада, нема да навлегуваме во изнесени ставови на поединци. Како колективно тело, Владата функционира непречено и во полн капацитет.
Во однос на прашањата кои се однесуваат на работниот ангажман, Ве упатуваме директно да ги адресирате до Арбен Фетаи, велат од таму за еМагазин.
Преку мејл го контактиравме и Фетаи, но не добивме никаков одговор.
Засега од него нема ни никаква реакција на социјалните мрежи, кои политичариите често ги користат за тоа.
Во недостаток на официјални информации, медиуми објавија дека Фетаи не бил на работа повеќе од еден месец и наводно бил во Белгија.
Дека не е во земјава кажа и министерот Алиу во интервју за 360 степени.
Фетаи, како и Алиу е дел од владејачката коалиција Вреди, а двајцата станаа дел од истата откако го напуштија крилото на Арбен Таравари во Алијанса за Албанците.
Токму името на Фетаи често неофицијално се споменува како еден од кадрите кои ќе бидат сменети во најавената владина реконструкција.
Дали тој претходно сам ќе си даде оставка или ќе биде разрешен, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари
Фото: Фејсбук/Фетаи













