Додека медиумите се обидуваат да добијат одговор дали вицепремиерот за политики за добро владеење и транспарентност, Арбен Фетаи, се уште оди на работа, тој се јави на Фејсбук во опуштено издание од Бангкок, Тајланд.
Освен што се пофали каде е, не даде информација дали повеќе од еден месец не оди на работа и не присуствува на владини седници, како што неодамна информираше министерот за здравство, Азир Алиу, што доволно кажува колку е транспаретен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вицепремиерот Арбен Фетаи не оди на работа, вели министерот Алиу
еМагазин неодамна ја праша Владата дали тој оди на работа и дали присуствува на владини седници.
-Како Влада, нема да навлегуваме во изнесени ставови на поединци. Како колективно тело, Владата функционира непречено и во полн капацитет.
Во однос на прашањата кои се однесуваат на работниот ангажман, Ве упатуваме директно да ги адресирате до Арбен Фетаи, одговорија тогаш од таму за еМагазин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оди ли вицепремиерот Арбен Фетаи на работа?
Преку мејл го контактиравме и Фетаи, но и од него не добивме никаков одговор.
Во недостаток на официјални информации, медиуми објавија дека Фетаи не бил на работа повеќе од еден месец и наводно бил во Белгија.
Остана и мистерија дали уште зема плата.
Токму името на Фетаи често неофицијално се споменува како еден од кадрите кои ќе бидат сменети во најавената владина реконструкција.
Дали тој претходно веќе си дал оставка или го планира тоа или пак ќе биде разрешен, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари
Фото: Фејсбук/Фетаи














