Стопанска банка со намалена добивка за 18% во првиот квартал

Стопанска банка АД Скопје во првите три месеци од година остварила добивка пред оданочување од 799.419 илјади денари, и истата споредено со истиот период лани е пониска за 18%, соопшти Банката преку Македонската берза.

Како што велат од таму намалената добивка првенствено била резултат на регулаторните и пазарните услови, односно глобално намалените каматни стапки и провизии од платниот промет и меѓународните трансакции.

-Нето-приходите од камати изнесуваат 1.260.958 илјади денари и се намалени за 14% во однос на истиот период од минатата година, како резултат на трендот на намалување на каматните стапки поради промените во референтните каматни стапки и соодветното прилагодување согласноконкурентните движења.

Притоа најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности, каматните расходи на депозитите поради зголемување на салдата, како и трансфер на значителен износ од сметки по видување во категорија на орочени депозити. Како компензаторен механизам се каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои поради зголемување на салдата, придонесоа со поголеми каматни приходи.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 221.697 илјади денари и се зголемени за 13% во однос на анализираниот период од 2025 година, како резултат на намалените расходи од провизии кои ги наплатуваат добавувачите на соодветните сервиси.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 50.464 илјади денари и се намалени за 14% во однос на анализираниот период од минатата година, пред сè, поради намалените маргини, како и поради намалената количина за продажба која компаниите ја нудат на банките за продажба и истата ја чуваат за сопсвени обврски, велат од таму.

Останатите приходи од дејноста изнесуваат 84.297 илјади денари.

-Останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 280.178 илјади денари и 346.621 илјади денари, респективно и се малку повисоки во однос на истиот период од претходната година, пред сè, како резултат на инфлаторните движења и промените во пазарните цени, велат од таму.

Заклучно со крајот на првиот квартал, Банката издвоила исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 140.179 илјади денари.

-Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и резервации изнесува 939.598 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 31.03.2026 година изнесува 799.419 илјади денари и е за 18% пониска во однос на истиот период од минатата година, велат од таму.

Вкупната актива на Банката во овој период изнесува 157.501.786 илјади денари и е приближно на исто ниво во однос на крајот од минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкава дивиденда ќе дели Стопанска банка Скопје

Како работела Стопанска банка Скопје лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести