Пет нови линии од скопскиот и охридскиот аеродром, во следните неколку недели

Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии, најавува вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„„Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг – летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе е одлично за развојот на туризмот, ќе донесе полски туристи.

А, од Скопје имаме две одлични летни дестинации, што ќе продолжат и после летото, но, така се перципираат. Едната е Палермо на Сицилија и втората е Алгеро на Сардинија. Така што сме единствена држава што отвара нови летови,“ изјави Николоски.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести