Вицепремиерот Фетаи, кој со месеци не доаѓаше на работа, си поднесе оставка: Заминувал со крената глава и со чиста совест

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој два месеци не доаѓаше на работа, на Фејсбук, соопшти оти си поднел оставка и истата му ја доставил на премиерот Христијан Мицкоски.

На позицијата беше две години како кадар на поделената Алијанса за Албанците, а во објавата меѓу друго вели дека придонел за “реформи што имаат за цел зајакнување на отчетноста, транспарентноста и владеењето на правото“ и дека работел со максимална посветеност.

За одлуката вели дека била донесена внимателно и дека произлегувала од неговото убедување дека во актуелните околности тоа било најправилен и најдостоинствен чекор.

Вели и дека заминувал со крената глава и со чиста совест.

Остана мистерија дали додека не одеше на работа земаше плата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оди ли вицепремиерот Арбен Фетаи на работа?

(Фото) Вицепремиерот Фетаи се шета по светот, остана мистерија дали се уште зема плата

Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести