Владејачкото мнозинство ќе се зголеми за уште еден пратеник.
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека дел од коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, станува и Демократската партија на Турците (ДПТ), која ќе има министерско место без ресор.
Преговорите со ДПТ се во тек, а со нејзиното влегување во Владата, владејачкото мнозинство ќе добие и пратеник плус кој претходно беше во опозицијата во рамки на коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема повеќе да има вицепремиер за добро владеење
Кој е пратеникот Миле Цеков, кој ја напушти ЗНАМ и ќе делува како независен














