Кој е пратеникот Миле Цеков, кој ја напушти ЗНАМ и ќе делува како независен

Пратеникот Миле Цеков е во фокусот на јавноста откако реши да ја напушти пратеничката група на владејачката ЗНАМ и партијата.

Сега во македонското Собрание ќе делува како независен пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратеникот Миле Цеков го напушти ЗНАМ, ќе делува како независен

На таа одлука се решил поради корупцијата во Македонија, селективната правда, нефункционалноста на институциите, социјално-економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните и бидејќи очекуваните промени не се реализирале.

На неговата одлука реагираа и од сега неговата бивша партија, од каде меѓу друго посочија дека за нив не било изненадување неговата одлука, бидејќи подолг временски период било јасно дека тој политички и вредносно се оддалечувал од принципите, програмските определби и државотворната визија на ЗНАМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За ЗНАМ не било изненадување што пратеникот Цеков ја напушти партијата

Кој е Цеков

Роден на 7. октомври 1991 година во Струмица.

По професија е економист.

Дипломирал меѓународна економија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Средно образование пак завршил во струмичката гимназија „Јане Сандански“.

Политичка кариера

За првпат стана пратеник пред две години, на последните парламентарни избори во 2024 година.

Како пратеник е активен во неколку собраниски тела. Член е на повеќе собраниски комисии – за финансирање и буџет, за економски прашања, труд и енергетска политика, за траспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање…, како и заменик член во неколку други комисии.

Фото: Цеков/Фејсбук


Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести