Витаминка АД Прилеп во првите три месеци од годинава остварила добивка по оданочување од 13.876 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период лани е зголемена за 1%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи во првото тромесечје од 2026 година изнесуваат 1.050.008
илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2025 година бележат раст од 14%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на
производи и услуги од основна дејност, додека 1% од вкупните приходи се остварени од останати приходи.
Остварените единечни вкупни расходи во првото тромесечје од 2026 година изнесуваат 1.073.075
илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2025 година бележат зголемување од
20%.
Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2026 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
46,6 милиони денари за менаџментот на Витаминка лани
Фото: Витаминка













