Како работела ТТК Банка во првиот квартал

ТТК Банка АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила нето-оперативен приход пред исправки на вредност од 10 милиони денари, како резултат на реализирани оперативни приходи од 139 милиони денари и оперативни трошоци од 129 милиони денари, соопшти Банката преку Македонската берза.

-Во текот на анализираниот период, издвоени се исправки на вредност на финансиски и на нефинансиски средства во износ од 4,7 милиони денари.

Во согласност со наведеното, во првиот квартал од 2026 година е остварен позитивен финансиски резултат во износ од 5,4 милиони денари, велат од таму.

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на Банката, посочуваат од таму.

-Во периодот од 1.1.2026 до 31.3.2026 година, тие изнесуваат 91,7 милиони денари и бележат раст во однос на истиот период од претходната година. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од
камати се реализирани со 99%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 42,8 милиони денари и се за околу 14 % повисоки во однос на нивото од претходната година.

Најголем придонес во нивното остварување имаат провизиите од домашниот платен промет, како и од картичното работење. Во однос на планот за првиот квартал, овие приходи се реализирани со 105,9%.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 2,7 милиони денари и бележат намалување во однос на истиот период од претходната година, како резултат на намалениот обем на тргување на девизниот и менувачкиот пазар. Во однос на планот, тие се остварени со 95,2%.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 1,7 милиони денари и се пониски за 18 милиони денари во однос на претходната година, како резултат на пониските приходи од капитални добивки од продажба на преземени средства во тековната година. Во однос на планот, тие се реализирани со 100,3%, велат од таму.

Вкупните оперативни трошоци изнесуваат 128,8 милиони денари и се повисоки во однос на истиот период од претходната година, главно поради зголемените административни трошоци, посочуваат од таму.

-Во однос на планот, тие се остварени со 100,1%.

Во наведениот период, исправката на вредност на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, изнесува 4,7 милиони денари и е во согласност со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката.

Во текот на 2026 година не е евидентирана загуба поради оштетување на нефинансиските средства, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави надоместоци земал менаџментот на ТТК Банка лани

Колкава дивиденда ќе дели ТТК Банка

Како работела ТТК Банка лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести