Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје донесе одлука за исплата на дивиденда за минатата година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
За таа намена се обезбедени 89.886.051 денари.
-Дивидендата за 2025 година ќе се исплаќа дел во акции, преку издавање емисија на акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите, и дел во пари, на платежни сметки на акционерите, сразмерно на учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина, информираа од таму.
Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 87 денари, односно 8,7% од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари и тоа 43 денари бруто – дивиденда во акции по пат на приватна понуда наменета за акционерите и 44 денари бруто -дивиденда во пари на платежните сметки на акционерите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари чувале граѓаните и фирмите во ТТК Банка лани
Слаѓан Михајловски именуван за член на НО на ТТК Банка














