Што кажа братот на Ивана на судењето за Стојанче Јовановски

На вчерашното рочиште од судењето на Стојанче Јовановски, кој меѓу друго е обвинет и за наведување и помагање во самоубиство на неговата сопруга Ивана, која се самоуби со нивната ќерка, со скок од тераса во Скопје, сведочеше и нејзиниот брат Александар Стојановски.

Тој меѓу друго во своето сведочење потенцираше дека Ивана била под контрола на Јовановски, а според него и покрај се, му се враќала, бидејќи била уценувана од него.

Нејзиното семејство забележало чудно, неразбирливо и невообичаено однесување кај Ивана последните две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведок ги раскажа последните минути пред Ивана да се самоубие со ќерка и

По настанот кога со 6-годишнината Катја била оставена на автопатот кај Штип во 1 часот по полноќ, откако претходно биле претепани двете, за што на претходното рочиште сведочеше Мартин Саздов, Ивана отишла да живее во станот на мајка ѝ, и започнала бракоразводна постапка.

Во тој период таа му кажала на брат и дека Јовановски со фалсификат документи сака да и го земе станот, кој го купиле заедно, а за кој таа го плаќала кредитот и сметки, кажа нејзината мајка на првото рочиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче Јовановски призна вина за две дела, па рече дека бил натеран на тоа, сведочеше и мајката на Ивана

Тој рече и дека Ивана се плашела од Јовановски и дека е контролирана од него и дека и го проверува и телефонот.

Но, кога тој бил фатен со дрога, таа решила да се врати кај Јовановски, што на нејзината фамилија и било чудно.

Рече и дека во неколку наврати на Ивана и позајмувал пари, како и дека таа му кажала дека Јовановски има и пиштол, дека и се заканувал за станот и дека ќе и ја одземе ќерката. И барал 30 илјади евра за да го исплати станот или да се исели од него.

Раскажа и за оставинската постапка за имотот на нивниот татко, од која како што кажа на претходното рочиште Саздов, Ивана, била изоставена.

Имало четири наследници, кои усно се согласиле целиот имот да се префрли на мајката.

Ивана не дошла на средбите со адвокат и нотар за оставнината. Кога и вртел за средбата за кај нотарот наместо одговор добил пораки од нејзе, за кои се сомневал дека се напишани од Ивана, бидејќи истите биле како некој првпат да слуша за тоа.

Таа на крај не дошла, а Јовановски му се јавил и се заканувал дека ќе го запали имотот на мајка им, но тоа не било пријавено во полиција.

Ивана била изоставена од процесот, бидејќи семејство сметало дека постои ризик со нејзиниот дел да управува некој друг, кажа тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И во училиштето на Катја и соседите знаеле за насилството врз Ивана

Дури 39 полицајци постапиле погрешно во случаите каде Стојанче Јовановски ја тепал Ивана

(Видео) Сопругот насилник од Карпош со гримаси возврати на новинарски прашања пред Судот

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести