Стојанче Јовановски призна вина за две дела, па рече дека бил натеран на тоа, сведочеше и мајката на Ивана

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето на Стојанче Јовановски од Скопје, кој е обвинет за наведување и помагање во самоубиство на неговата сопруга Ивана Јовановска, која на 2. март со нивната ќерка Катја скокна од балкон, по што дветте починаа.

Тој е обвинет и за телесна повреда и загрозување на сигурноста.

Првично во Судот, Јовановски, рече дека се чувствувал за виновен за телесна повреда и загрозување на сигурноста, но не и дека ја натерал Јовановска да изврши самоубиство.

Подоцна пак при испрашување тврдеше дека Мартин Саздов, кој, според него, бил во блиска врска со неговата почината сопруга, го натерал да признае вина за сите трите дела, по што Судот не го прифати неговото признание на вина.

На стартот на судењето сведочеше и мајката на Јовановска, Љубица Стојановска.

Таа меѓу друго рече дека се сомневала дека нејзината ќерка била физички малтертирана од зетот, но таа не и признавала.

Посочи дека на почеток бракот им изгледал во ред и дека биле среќни и дека таа помагала колку што можела.

Кога почнале проблемите, сведочеше и за доаѓање на полиција во нивниот стан, но и дека нејзината ќерка била загрижена Јовановски да не и ја одземе Катја, подвлекувајќи дека на Јовановска, ќерка ѝ и била на прво место.

Јовановска била подготвена на обвинетиот да му го остави и станот, кој го купиле подоцна во нивниот брак, а за кој кредитот, но и сметките, ги плаќала таа до нејзината смрт.

Сведочеше дека забележувала модринки по телото на ќерка ѝ, но таа секогаш и кажувала дека се удрила, посочувајќи дека секогаш била под стрес и под контрола.

Дека Јовановски ја тепа дознала и од внуката Катја, која и опишувала како го прави тоа.

Во полицијата за насилство Јовановски го пријавувала и мајка му, која исто така била физички малтретирана од него.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Покренато обвинение за сопругот насилник од Карпош: Со физички и психички малтретирања издејствувал и да му го препише нејзиниот дел од станот

(Видео) Сопругот насилник од Карпош со гримаси возврати на новинарски прашања пред Судот

Фото: Јовановски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести