На денешното рочиште за судењето на Стојанче Јовановски, кој меѓу друго е обвинет и за наведување и помагање во самоубиството на неговата сопруга Ивана, која на 2. март скокна од балкон во Скопје, со нивната ќерка, по што починаа, сведочеше учителка на 6-годишната Катја.
Во училиштето знаеле дека Ивана е жртва на семејно насилство, за што биле информирани од мајката на Ивана, а и самата Катја тоа го споделувала со учениците преку игра.
За тоа бил известен и психологот во училиштето, кој дал насоки да се следи девојчето.
Од психологот на разговор била повикана и Ивана, и ја упатил каде да се обрати во случај на семејно насилство, а според учителката, понатаму се изгледало дека било во ред.
На училиште девојчето го носеле Ивана или мајка и, но не и обвинетиот.
Кобниот ден требало девојчето да го земе бабата, но дошла Ивана.
Како што е познато за насилството врз Ивана, знаеле и соседите, а денеска сведочеше и една од сосетките.
Таа го потврди тоа што веќе објавено во медиумите, дека соседите подолг период во зградата слушале викање, тропање, удирање со столици, гласот на Катја…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сосетката двапати лично имала повикано полиција, а посочи и дека првиот полицаец бил коректен, а вториот дрзок и нервозен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведок ги раскажа последните минути пред Ивана да се самоубие со ќерка и
(Видео) Сопругот насилник од Карпош со гримаси возврати на новинарски прашања пред Судот














