Цените на лебот не се покачени, да не се создава паника, апелираат од мелничко пекарската индустрија

Мелничко пекарската индустрија апелира да не се користи ситуацијата со цените на лебот и пецивата за создавање паника и несигурност кај граѓаните, затоа што со тоа се наштетува и на граѓаните и на компаниите.

Од индустријата посочуваат дека состојбата со цените на лебот и пецивата е под контрола и дека тие во земјава не се покачени.

„Како општествено одговорна индустрија, преставниците и членовите на коморите од мелничко пекарската индустрија одлучија цените на лебот и пецивата да не се покачуваат, односно да останат на исто ниво во следниот период, до крајот на април при што состојбите континуирано што ќе се следат и ќе се анализираат.

Министерството за економија и Владата, се заложија заеднички да се следи состојбата и во случај на влошување на ситуацијата со цените на нафтата и нафтените енергенси, заедно со мелничката индустрија да изнајдат заеднички решенија како би се релативизирала опасноста во оваа индустрија од зголемување на цените,“ се вели во соопштението по одржувањето на состанокот во Министерството за економија од страна на групациите од мелничко пекарската индустрија, на коморите и нивните членови (Стопанската комора, Сојузот на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на Северо-Западна Македонија), со заменик-министерот Марјан Ристески и со директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести