„Виз ер“ на 9. април организира отворен ден за пилоти, со цел поддршка на растот во Скопје, информираат од таму.
„Овој отворен ден во Скопје е осмислен за да се поврземе со таленти во секоја фаза од нивната авијациска кариера. Овој настан обезбедува јасен пат кон успешна кариера во една од најмладите флоти во Европа, нудејќи одлична услуга, сигурност и вредност за нашите патници.
Нашите луѓе се во срцето на нашето работење и со нетрпение очекуваме да запознаеме кандидати кои ја споделуваат нашата посветеност кон безбедноста, тимската работа и врвната услуга кон клиентите,“ изјави Вера Јардан, менаџер за корпоративни комуникации во Wizz Air.
Со модерна флота од Airbus A320 и A321 (neo) авиони и фокус на ефикасност, безбедност и пријателска услуга, Wizz Air нуди отворени позиции за пилоти со A321 лиценца, како и за оние без лиценца, напредување во кариерата врз основа на перформанси, унапредување во командирска позиција, како и избор на работни распореди со договор за постојано вработување, посочуваат од таму.
Настанот ќе им овозможи на присутните детални информации за операциите на авиокомпанијата, процесот на регрутација и програмите за обука.
Учесниците ќе имаат можност да се сретнат со претставници на Wizz Air и да постават прашања поврзани со кариерата на пилотите, како и со академската патека.
Настанот ќе содржи две посебни области.
Отворениот ден за пилоти е наменет за искусни авијациски професионалци, вклучувајќи капетани и копилоти, како и пилоти на кадетско ниво и оние кои моментално ја завршуваат својата обука и наскоро ќе се квалификуваат. Линк за пријава ОВДЕ.
Паралелно, Отворениот ден на Wizz Air Pilot Academy е наменет за идни пилоти кои се на почетокот од своето авијациско патување и се заинтересирани за обука преку специјализираната академска програма на авиокомпанијата. Линк за пријава ОВДЕ.














