Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека почнувајќи од сабота (4. април), стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот.
„Со наведените измени се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз,“ велат од таму.
Деталните информации за изменетиот возен ред, вклучително и статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, со примена од сабота, ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на претпријатието: skopjebus.mk.














