Објавен оглас за прием на 300 професионални војници

Министерството за одбрана денеска го објави новиот jавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на македонската Армија.

Општите услови се кандидатите да бидат македонски државјани, да се полнолетни и да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебните услови се да имаат завршено средно образование и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот.

Огласот трае 15 дена, вклучувајќи го денот на објавување.

Сите детали ОВДЕ.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести