Aкција за случај со детска порнографија, неофицијално имало претрес и кај претседател на бугарско здружение

Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) информираа дека е во тек акција за обезбедување на докази за случај со детска порнографија, која се спроведува на неколку локации низ земјата, заедно со Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде го потврдија истото.

Според првичните информации, во акцијата биле вклучени секторите за внатрешни работи од Битола, Охрид и Струмица.

Се вршеле претреси на седум локации, а МВР обезбедувало докази за кривичното дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“, казниво според 193-а од Кривичниот законик, и едно од најтешките дела против половата слобода и моралот.

Биле одземени компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.

Дел од медиумите, неофицијално, објавија и дека имало претрес и кај претседател на здружени на етнички Бугари, а кој се поврзува со претседателот на бугарската фондација „Македонија“, кој има забрана за влез во Македонија.

Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести