Одлуката за отповикување не беше лична, жалам за оставката на Ристоска, рече државниот обвинител Савески

Јавното обвинителство останува без јавен обвинител од кој очекував дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда, изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески по оставката на обвинителката Ленче Ристоска.

Тој дополни дека одлуката за отповикување не била персонална и во никој случај не била насочена кон работата на обвинителката Ристоска. Одлуката, како што потенцираше била од организациска природа и нејзината цел била зголемување на ефикасното постапување на Јавното обвинителство.

„Во принцип не сакам да коментирам лични одлуки, но сепак изразувам жалење за одлуката на колешката Ристоска. За ваквиот чин и од неа лично бев известен преку СМС порака по поднесување на оставката, а за причините за истата дознав од медиумите“, рече Савески.

Државниот јавен обвинител истакна дека одлуките ги носи во насока на гаранција за независно и самостојно работење на Јавното обвинителство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка

Кој е Ненад Савески, новиот државен јавен обвинител

Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести