Започна изградбата на 400 kV далекувод од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница

Денеска започна изградбата на 400 kV далекувод од ТС „Битола 2“ до македонско-албанската граница.

Станува збор за капитален проект кој ја заокружува електроенергетската поврзаност на Македонија со сите соседи и ја зацврстува позицијата на земјата како доверлив партнер во регионалната енергетика, информираа од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Со интерконективниот далекувод се засилува преносната мрежа и се зголемува капацитетот, а 51,2% од опремата е веќе обезбедена и ќе биде користена од новоизбраниот изведувач.

Проектот опфаќа изградба на далекувод со должина од 97,5 километри на македонска територија, поставен на 269 челично решеткасти столбови, трансформаторска станица во близина на Охрид и далекуводно поле во ТС “Битола 2“, со рок на извршување од 30 месеци.

Проектот е финансиран и поддржан од меѓународните партнери, меѓу кои и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската унија, и е примарен дел од регионалниот енергетски Коридор 8.

Фото: Министерство за енергетика

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести