За ЗНАМ не било изненадување што пратеникот Цеков ја напушти партијата

Пратеникот Миле Цеков ја напушти владејачката партија ЗНАМ и сега во македонското Собрание ќе делува како независен.

Од сега неговата бивша партија велат оти подолг временски период било јасно дека тој политички и вредносно се оддалечувал од принципите, програмските определби и државотворната визија на партијата, па затоа неговата одлука да ја напушти пратеничката група на ЗНАМ и да делува како независен не била изненадување.

-Оттука, неговите обиди да се претставува како симбол на принципиелност, а притоа претходно да застапува позиции спротивни на државните и националните црвени линии, се крајно несериозни и неубедливи пред граѓаните, велат од таму меѓу друго во реакцијата.

Од таму му посакаа и успех во неговото понатамошно политичко делување како независен пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е пратеникот Миле Цеков, кој ја напушти ЗНАМ и ќе делува како независен

Пратеникот Миле Цеков го напушти ЗНАМ, ќе делува како независен

Фото: ЗНАМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести