Од вчера е прогласена епидемија со западно-нилска треска во скопските општини Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, и населбите Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери.
Информацијата денеска ја соопшти Д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје Скопје
Заклучно со 11 август, во Македонија се регистрирани вкупно 26 случаи на западно-нилска треска, од кои 2 се веројатни.
Сите се од Скопје, освен едно лице кое е од Велес, а од нив 22 лица се на возраст над 60 години.
Станува збор за автохтони случаи од Македонија, а едно лице патувало во Грција.
Сите случаи се со невроинвазивна форма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маж почина од западно-нилска треска
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Фото: Унсплеш














