Пратеникот Миле Цеков го напушти ЗНАМ, ќе делува како независен

Пратеникот на владејачката ЗНАМ, Миле Цеков, денеска информираше дека ја напушта партијата и дека во иднина во македонското Собрание ќе делува како независен.

Стана пратеник пред две години, а на оваа се решил, како што информираше, поради корупцијата во земјава, селективната правда, нефункционалноста на институциите, како и поради социјално-економските предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

Како што рече меѓу друго, во политиката влегол за да и служи на татковината и граѓаните, ама очекуваните промени не се реализирале.

Фото: Цеков/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести