Се затвора сендвичарницата „Седмица“ кај Грчката амбасада во Скопје, потврдија за еМагазин вработени, а информацијата е соопштена и на Инстаграм страницата на сендвичарницата.

Истата беше отворена во 1987 година и важеше за една од омилените во градот, како и едно од култните места.
Другите три во Карпош, Аеродром и Макпетрол продолжуваат со работа.
Неофицијално на местото на сендвичарницата кај Грчката амбаса ќе се градела зграда.
Фото: Седмица













