Златко Перински, со реконструкцијата на Владата повеќе нема да биде министер за локална самоуправа.
За нов министер за локална самоуправа ќе биде предложен Иван Стоилковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите, која е дел од коалицијата предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Тој пак нема повеќе да биде вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците.
Перински ќе биде нов директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), на местото на Сашо Клековски, кој пак е предложен за нов министер за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Перински
Роден е на 14. јануари 1983 година во Скопје.
Дипломирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнал со титулата дипломиран професор и тренер.
На Институтот за политичко-правни истражувања при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, пак се стекнал со магистерска диплома по менаџмент на човечки ресурси со тезата: „Лидерот како креатор на организациските промени“.
Зборува англиски јазик.
Професионална и политичка кариера
Неговата професионална кариера започнала во 2009 година како основач и управител на приватна компанија за матични клетки.
Во 2012 година, основал приватна компанија која е претставништво на германска банка за матични клетки за државите од балканскиот регион.
Во периодот од 2014 до 2017 година, беше управител на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.
Од 2021 до 2022 година, беше генерален директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во Скопје.
Фото: Влада














