Кој е Борче Серафимовски, кој ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Борче Серафимовски, кадар на ЗНАМ, ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој доаѓа на местото на Цветан Трипуновски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

еМагазин во серијал ќе Ви ги пренесе биографиите на старо-новите министри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сашо Клековски, кој ќе биде нов министер за здравство

Кој е Серафимовски

Роден е на 17.05.1982 година.

Завршил додипломски студии на Институт за одбранбени и мировни студии на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, и се стекнал со звањето дипломиран дефендолог.

Додипломски студии завршил и на отсекот бизнис-менаџмент на Варненскиот слободен универзитет „Црноризец Храбар“ во Варна, Бугарија.

Високото образование го продолжил на Југозападниот универзитет „Неофит Рилски“ во Благоевград, Бугарија, каде што магистрирал меѓународни односи на Правно-историскиот факултет. 

Докторирал на Стопанскиот факултет при Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, Бугарија, каде што се стекнал со звањето доктор по организациски науки.

Зборува и англиски, руски и бугарски јазик.

Работно искуство

Од 2004 до 2025 година работел на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе, каде бил генерален директор и заменик претседател на Управниот одбор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите министри

Кои ќе бидат новите министри за правда, култура и односи меѓу заедниците, кои ќе ги предводат кадри на Вреди

Нема повеќе да има вицепремиер за добро владеење

Фото: Фејсбук/Серафимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести