Девојка на возраст од 25 години засега е најмладиот заболен од западно-нилска треска во Македонија.
Кај нејзе е потврдена невроинвазивна форма на инфекција.
Како што информираа од ЈЗУ Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби денеска треба да биде познато дали од вирусот се заразило и 24-годишно момче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четврт смртен случај од западно-нилска треска: Почина 76-годишен маж со коморбидитет
Тој живее во скопски Центар и е хоспитализиран.
Досега просечната возраст на заболените според податоци на Институтот за јавно здравје, изнесуваше 66,6 години.
Најголем дел од заразените беа на возраст над 60 години, претежно мажи.
Само еден е од Велес, а другите се од скопско.
Според последните официјални информации досега се заболени 35 лица, а починаа четири.
Хоспитализирани се 20 лица, а потешка клиничка слика имаат пет лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Не допирајте мртва дива птица, кои како и комарците се преносители на западно-нилска треска
Како се пренесува и кои се симптоми на западно-нилска треска
Кулекс-комарецот еден од најзастапените во Македонија може да пренесе западно-нилска треска
Фото: МЗ














