Продаден хотелот „Бристол“, го купи “ГМ Проперти“

Култниот скопски хотел “Бристол“ доби нов сопственик – ГМ Проперти ДОО Скопје.

Пред неколку месеци Македонијатурист АД Скопје, досегашниот сопственик на хотелот, реши да го стави на продажба, заедно со хотелот „Јадран“.

Засега нема официјална информација по која цена е продаден.

ГМ Проперти работи од октомври 2024 година.

Според податоци на Бизнис Мрежа, фирмата е регистрирана за „останати лични услужни дејности, неспомнати на друго место“. 

Сопственик е Емил Кратовалиев, а управител Костадин Саздовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државата нема да го купи хотелот „Јадран“ од „Македонијатурист“, и бил понуден за околу 2 милиони евра

Хотелите “Јадран“ и “Бристол“ и официјално одат на продажба

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести