На повторениот тендер за набавка на 150. електрични автобуси и 75 станици за нивно полнење за најповолна понуда повторно е избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Икарус електрик зрт“ (Ikarus Electric ZRT) и австриската ЕВН.
Како што информираа од Министерството за транспорт, електронската аукција се одржала пред околу две недели, а Комисијата за јавни набавки извршила евалуација на доставената документација.
На тендерот освен овие две компании се јавиле уште три компании: „Сиемен голден драгон бус ко, лтд“ (Xiamen Golden Dragon Bus Co, Ltd), „Јес – ЕУ Деннамр А/С Јутонг“ (YES -EU DenmarkA/S Yutong) i „БМЦ отомотив санаји ве тикарет аноним сиркети“ (BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi).
Комисијата утврдила дека од четирите доставени понуди само два компании ги исполниле условите да учестувуваат на електронската аукција – “БМЦ отомотив санаји ве тикарет аноним сиркети“ и „Икарус електрик зрт“ со заедно со ЕВН.
Унгарската и австриската компанија понудиле најниска цена која вкупно изнесува 3.120.956.004 денари без ДДВ или околу 51 милион евра, односно 19.796.924 денари (околу 322.000 евра) без ДДВ по единица автобус и 2.018.899 денари (околу 33.000 евра) без ДДВ по единица станица за полнење.
Останатите компании имаат рок на жалба од 10 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пропадна тендерот за 150. електрични автобуси
Фото: Град Скопје














