Пропадна тендерот за набавка на 150. електрични автобуси, од кои 100 требаше да бидат за Скопје, а останатите за други градови низ земјава.
Имено, како што информираа од Министерството за транспорт, Државната комисија по жалби за јавни набавки донела решение за поништување на тендерот, а на кој неодамна за најповолна беше избрана заедничката понуда на унгарската компанија Електробус – Икарус и на австриска ЕВН.
Сега од страна на Министерството треба да биде објавен нов тендер. Претходниот беше објавен на 27. февруари годинава.
Истиот предвидуваше набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи за нив.
Унгарската компанија требаше да ги достави електричните автобуси, а ЕВН станиците за полнење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














