Истрагата дали 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане е сериски убиец открива вознемирувачки детали, но и пропусти на институциите, кои почнаа да го истражуваат тоа дури откако тој беше осомничен за убиството на М. С. (78) од селото Челопек.
Сега надлежните органи истражуваат дали тој е поврзан со смртта на уште пет жени, три од годинава, две од лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско
За две од нив дури сега е утврдено дека починале од насилна смрт.
Една од нив е 35-годишната Марија Маринковска, за која семејството мислело дека починала од проблеми со алкохол, а обдукцијата откако беше ексхумирано нејзиното тело покажа дека била убиена. Таа беше погребена пред повеќе од 40 дена, а нејзиното семејство за медиумите сведочи дека таа била следена од осомничениот и дека тоа било пријавено во полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исто така, што е многу важно, откако била пронајдена почината од страна на сосетките на лице место дошле и надлежни органи.
И таа како и другите жена била пронајдена полугола, а единствената разлика е што е значително помлада од другите жени за кои се истражува како починале.
За останатите четири е заедничко што се жени во години, починале сами дома, а и сите биле пронајдени полуголи или голи, па е нејасно како надлежните институции не ги споиле коцките и не спречиле потенцијално ново убиство.
И сите се од еден регион.
Уште повеќе за напад осомничениот со име и презиме во полицијата бил пријавен од најмалку една постара жена, а уште една постара жена деновиве исто така сведочи за медиумите за напад од лице кое е најверојатно осомничениот.
Плус Т.Б. секако и бил познат на полицијата од порано, за пријави за тешки кражби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Унсплеш














