Две жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт, откриено во истрагата за осомничениот сериски убиец во кумановско

Истрагата за Т. Б. (25) од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на М. С. (78) од селото Челопек од истата општина, која треба да потврди дали тој е сериски убиец, е топ тема во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Има ли сериски убиец во кумановско: Се испитува дали 25-годишниот маж кој уби жена во Челопек е поврзан и со други убиства

Се истражува смртта на пет починати жени кои биле пронајдени мртви во нивните домови, три од годинава и две од лани.

За сите жени освен за една, заедничко било што се жени во години, починале сами дома, но и сите биле пронајдени полуголи или голи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско

Само една жена која е пронајдена мртва во својот дом пред околу еден месец и закопана, била помлада на околу 35 години, објави неодамна КОД.

Директорот на Судска медицина проф. Д-р Александар Станков за државната агенција МИА информираше дека е завршена обдукцијата и на втората жена за која Основното јавно обвинителство минатата недела нареди ексхумација и обдукција, по убиството на М. С. .

-Станува збор за насилна смрт и кај втората помлада жена за која Обвинителството побара ексхумација, вели тој.

Тој вели дека примероци за ДНК анализа се земени и од претходната жртва, повозрасната жена од селото Челопек. И кај двете жени станува збор за насилна смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додека ја давел, излажала дека и син ѝ е во викендицата: Уште една кумановка раскажа како се спасила од осомничениот сериски убиец

(Видео) Жена од Челопек сведочи како била давена од непознато лице додека се истражува дали има сериски убиец во кумановско

(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести