Додека ја давел, излажала дека и син ѝ е во викендицата: Уште една кумановка раскажа како се спасила од осомничениот сериски убиец

Осомничениот сериски убиец, 25-годишниот Т.Б., од Општина Старо Нагоричание, кој е осомничен за убиството на М.С. (78) од кумановското село Челопек, а кого истражните органи го поврзуваат со смртта на уште пет жени, е во фокусот на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско

Порталот Сакам да кажам објави искуство на уште една жена од кумановско која се спасила од него.

Станува збор за Слободанка Арсовска (83) од Куманово.

Осомничениот, кој го познавала од порано, и влегол преку прозорецот на купатилото во викендицата, откако ја скинал мрежата во еден часот на полноќ на 22. јули лани.

Откако го прашала што бара, тој неодговарајќи ја фатил за вратот и почнал да ја дави и ја турнал на земјата.

-Во тој момент почнав да викам по синот, измислувајќи дека е на катот. Се уплаши и ме пушти, по што побегна низ прозорецот.

Од ударот на подот паднав во бесознание, дури утрината околу осум саатот успеав да се јавам на децата. Кога се освестив бев модра околу вратот, мокра и изгубена. Дури тогаш сфатив дека тој сакаше да ме убие, вели таа.

Следниот ден била однесена во болницата во Куманово, а на полицијата и го посочила осомничениот со име и презиме. Не се презело ништо, бидејќи ништо не било украдено и оти немала скршеници.

Нејзиното семејство по настанот одлучило таа да се пресели со нив во Куманово. Се сомневаат дека поради тоа што го пријавиле случајот, во декември им ја искршил вратата на куќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Жена од Челопек сведочи како била давена од непознато лице додека се истражува дали има сериски убиец во кумановско

(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско

Има ли сериски убиец во кумановско: Се испитува дали 25-годишниот маж кој уби жена во Челопек е поврзан и со други убиства

Фото: СДК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести