Потенцијалниот сериски убиец Т.Б. (25) од селото Малотино, Општина Старо Нагоричане, кој е осомничен за убиството на М. С. (78) од селото Челопек од истата општина, ја следел 35-годишната Марија Маринковска, чие убиство исто така се поврзува со него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како што вели нејзиниот татко Зоран Маринковски за локалното Радио Бум тој тоа го пријавил во кумановската полиција, а таму му кажале дека таа мора да го пријави случајот во полицијата во Старо Нагоричане, каде што живеела кај вујко и, а со братучедот работеле земјоделие.
Пред неколку години работела и како овчарка во семејството на осомничениот.
Маринковска го направила тоа, а како што вели татко и, полицајците по пријавата отишле кај Т.Б., ама тој избегал и не го нашле дома.
Станува збор за жената чие тело неодамна беше ексхумирано 40 дена по нејзиниот погреб, а обдукцијата сега покажа дека не починала природно, туку со насилна смрт.
Ексхумацијата беше направена откако истрагата за Т.Б. се прошири за смртта на уште пет жени, од кои Маринковска е најмлада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се истражува смртта на пет жени во врска со осомничениот сериски убиец во тетовско
Семејството првично верувало дека причината за нејзината смрт се здравствени компликации поврзани со алкохол.
Во последниот телефонски разговор, таа му рекла на својот брат дека некој ѝ тропа на вратата и дека многу се плаши.
-Ја баравме на телефон на 18. јануари, не се јави. Последен жив ја слушна нашиот син. Му кажала дека некој ѝ тропа на врата и дека многу се плаши, раскажува Маринковски.
Утредента ја побарале околу 7 часот наутро, ама таа не се јавувала на телефонот. Помислиле да не се успала. По некое време, откако пак не се јавила, ги замолиле нејзините сосетки да одат да проверат.
Вратата на куќата каде живеела Маринковска била отклучена. Сосетките викале по неа, ама немало одговор.
-Влегле внатре и ја нашле под јамболија, вели Маринковски и додава дека кога ја нашле мртва, горната половина од телото ѝ било покриено со јамболијата, а долната половина ѝ била гола.
Вели и дека на денот на нејзината смрт и полицијата и лекарите извршиле проверки на телото, а тој се сомнева дека убиецот ја задушил со јамболијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Телма објави снимка од осомничениот сериски убиец во кумановско
Фото/видео: Радио Бум














