Скопски пазар АД Скопје лани истварил вкупни приходи од 353.427 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период од 2024 година, истите бележат намалување од 53%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Намалувањето е резултат на недостаток на големи приходи од продажба на недвижен имот кои беа присутни во 2024 година, велат од таму.
Скопски пазар за периодот јануари – декември 2025 година оствари нето добивка од 68.075 илјади денари.
-Нето добивката за финансиската година е намалена за 84% во однос на претходната година.
Намалувањето е резултат на поголемите еднократни приходи од продажба на недвижен имот кои беа присутни во 2024 година кои ја зголемија добивката во 2024 година, велат од таму.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 283.334 илјади денари и во споредба со истиот период од 2024 година бележат зголемување од 1%. Финансиските расходи пак се зголемени за 94%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реизбрани членовите на УО на Скопски пазар
Скопски пазар со намалена добивка во првото полугодие
Фото: Унсплеш














