Оилко лани со зголемена добивка

Оилко КДА Скопје лани остварил вкупни приходи од 849,21 милиони денари и кај истите има за 0,46% зголемување споредбено со истиот период од 2024 година, соопштија од таму преку Македонската берза.

-Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество, 81,88% имаат приходите од продажба на домашен пазар кои во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат зголемување од 0,21%.

Во периодот јануари-декември 2025 година Друштвото оствари вкупни расходи во висина од 602,16 милиони денари и кај истите има 4,4% намалување споредбено со истиот период од 2024 година.

Во структурата на вкупните остварени расходи најголемо учество, 38,14% имаат расходите за трошоци за вработени кои во споредба со остварените во истиот период во 2024 година бележат намалување од 3%.

Друштвото заклучно со 31.12.2025 година оствари добивка по оданочување во висина од 231,08 милиони денари и истата е зголемена за 14% во однос на истиот период од 2024 година.

Ваквиот резултат се должи на намалување на оперативните расходи со истовремена стагнација на оперативните приходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оилко се стекна со нови акции на Макпетрол

Фото: Оилко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести