Премиерот Христијан Мицкоски вели дека ако поранешниот премиер Никола Груевски се врати во Македонија, ќе оди во затвор, бидејќи има правосилна пресуда, но како и секој граѓанин и тој ќе имал право да се жали.
Мицкоски нема никакви очекувања, за тоа, дали и кога Груевски ќе се врати.
„Јас немам никакви очекувања, но доколку Никола Груевски се појави во Македонија тој има правосилна пресуда и тој веднаш откако ќе се појави во Македонија, нормално, органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување на затворска казна којашто е согласно правосилна одлука.
Секое лице има право да ги користи институциите, да ги користи своите права, да користи жалби, итн.. Но, ние како Влада имаме пред нас правосилна пресуда за којашто лицето за коешто зборувате сега е упатено на отслужување на затворска казна.
А, дали ќе се врати и кога ќе се врати, јас немам такви очекувања,“ одговори Мицкоски на новинарско прашање во врска со најавата на идниот унгарски премиер Петер Маѓар за негова екстрадиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар
Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Фото: Влада














