Од страна на САД повторно е одложена продажбата на меѓународната единица Лукоил Интернешнл ГмбХ на рускиот нафтен приватен гигант Лукоил.
Лукоил Интернешнл ГмбХ е основач и содружник на Лукоил Македонија, заедно со Литаско Са, која е исто така содружник.
Новиот рок е 29. октомври, годинава, а оваа е четврто одложување на продажбата, која следи откако САД му воведе санкции на Лукоил за да изврши притисок врз Русија да ја заврши војната во Украина, по што компанијата донесе одлука да ја продава својата меѓународната единица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изминатиов период за Лукоил Интернешнл ГмбХ имаше неколку заинтересирану купувачи како американската фирма за приватен капитал Карлајл груп, американскиот нафтен гигант Ексон Мобил, Интернешнл Холдинг Компани…
Доколу Лукоил Интернешнл ГмбХ се продаде тоа ќе значи и дека Лукоил Македонија ќе добие нов сопственик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се главните играчи на пазарот со нафтени деривати во Македонија
Забрана за „Лукоил Македонија“ да учестува на тендери во Македонија
Фото: Лукоил Македонија














