Предметот „Талир 2„ ќе го води обвинителот од Основното јавно обвинителство Скопје, Кристијан Смилевски.
Истиот се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој обвинител го презеде предметот „Талир 2„, каде му се суди и на Груевски
Еден од обвинетите е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија каде доби политички азил. Тој деновиве е актуелен поради можната екстрадиција од таму.
Претходно предметот го водеше поранешната обвинителка од Основното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, која беше дел од тимот на СЈО, а истиот и беше одземен, по што таа поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е обвинителката Ленче Ристоска, која поднесе оставка
еМагазин разгледа каков имот пријавил Смилевски до Антикорупциската комисија кога станал обвинител во ОЈО Скопје.
Каков имот пријавил
На свое име нема недвижен имот.
На име на сопругата пријавил стан во скопска Кисела Вода.

На свое име пријавил возило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Груевски има и фирма во Унгарија
Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција
Фото: Унсплеш














