Предметот „Талир 2„, кој се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) ќе го води обвинителот Кристијан Смилевски од Основното јавно обвинителство Скопје.
Пред извесно време овој предмет, заедно со предметот “Талир 1„ беа одземени од сега веќе поранешната обвинителка од Основното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, која беше дел од тимот на СЈО, по што таа поднесе оставка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е обвинителката Ленче Ристоска, која поднесе оставка
Меѓу обвинетите е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега во Унгарија каде доби политички азил.
Предметот се проценува дека ќе застари кон крајот на август или почеток на септември годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пати Македонија барала екстрадиција на Груевски
Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција














