Експериментална таблета против рак на панкреас го продолжува животниот век на заболените

Агенцијата Ројтерс пренесува дека експерименталната таблета против рак на панкреас на компанијата „Револушн Медисинс“ им го продолжува животниот век на пациентите.

Станува збор за лекот daraxonrasib, а пациентите кои примале по една таблета од него дневно, го продлжиле животниот век до 13,2 месеци, во споредба со 6,7 месеци кај оние кои се третираат со хемотерапија.

Таблетата е во доцна фаза на клиничко испитување и истата ги таргетира RAS мутациите, кои го поттикнуваат растот на туморите и се присутни кај повеќе од 90% од случаите на рак на панкреас.

Во студијата биле вклучени претходно лекувани пациенти со метастатски панкреатичен дуктален аденокарцином (PDAC), кои имале тумори со различни варијанти на RAS, како и пациенти кај кои не била идентификувана RAS мутација.

Таблетата исто така се тестира во други доцно-фазни клинички испитувања, вклучувајќи за PDAC и не-малоклеточен рак на белите дробови.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести